Полицијата апсеше на повеќе локации во Скопје, приведени повеќемина


Полицијата вчера и денес изврши апсење на повеќе локации низ Скопје каде беа приведени повеќемина лица.

-Ноќеска во 02.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.П.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. 

-Во 03.05 часот пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. 

-Во 02.15 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Р.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и метална дробилка.

-Во 02.20 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.П.(24) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја.

-Во 02.20 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблета. 

-Вчера во 12.25 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ц.(41) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. 

-Вчера во 11.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Т.(30) и Х.З.(27), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. 

За сите овие случаи МВР по целосно документирање на случаите против инволвираните лица ќе поднесе соодветни пријави.

10.03.2024 - 12:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега