Криминалистичката полиција при ОВР Струга при претрес во сместувачки објект во Струга затекнале четири странски државјанки, три од Бразил и една од Перу, со нелегален претстој во земјата. Кај нив пронајдена и одземена била марихуана, дробилка и други предмети.

СВР Охрид денеска соопшто дека 12 ноември во 7 часот и 50 минути во сместувачки објект во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга ја лишиле од слобода А.Б.Т.Г.С.(27) од Бразил, а ги привела  Ј.Т.А.С.(23) и Р.Ц.С.(23) од Бразил, како и Н.О.Ц.(20) од Перу. 

– При претрес во собите од објектот, кои ги користеле, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, дробилка и други предмети. Констатирано е дека странските државјанки незаконски престојувале во земјава, односно сториле прекршоци по член 147 и член 23 од Закон за странци, стои во информацијата. 

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга, како што е наведено, ќе поднесе соодветни пријави. 

Exit mobile version