Полицаец омаловажуван на гласачко место

На гласачко место 2353 и 2353/1 во с.Долно Количани во основно училиште „Кемал Ататурк“ од страна на Р.Е.(27) од с.Долно Количани бил омаловажуван полициски службеник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје околу 15,40 часот од претседател на изборна комисија С.А. во основно училиште „Гоце Делчев“ во населба Илинден на избирачко место бр.2393 било пријавено дека Р.А. од населба Илинден го сликал гласачкото ливче и им го покажал на членовите од изборната комисија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

СВР Велес Во 18,15 часот на избирачко место 1239 во ОУ „Димко Габерот“ во Демир Капија лицето В.М. од Демир капија дошол да го оствари правото на глас, и кога комисијата му ги дала ливчињата, истиот ги искинал и ги ставил во џебот. Во консултација со Јавен Обвинител ќе се превземат потребните дејствија.

 

17.10.2021 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега