Денешниот ден ни носи вистински зимски амбиент со исклучително ниски утрински температури. Според УХМР, минималната температура утрово се движеше во интервал од -14 до -6 степени.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Сепак, во попладневните часови во западните делови од земјата се очекува слаб локален дожд, додека на планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од -4 до 6 степени.
Во Скопје е студено, со минимална температура од -11 степени, додека дневната ќе достигне едвај до 3 степени. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и умерен јужен ветер.

