Покрај оваа билка ниту еден лек нема да ви биде потребен: Лекува гастритис, ја чисти крвта и штити од срцеви болести

Ајдучката трева е повеќегодишна билка која се смета за една од најлековитите. Многупати се покажала како корисна во итни ситуации, кога било неопходно да се сопре крвавењето и да се залечат раните.

Најчесто цути покрај патишта и на ливади. Покрај тоа што може да ви ја украси градината, ајдучката трева е добро позната во народната медицина.

Ако немате градина, можете да ја одгледувате во саксија на тераса или во помали тегли.

Оваа билка ги смирува мускулите и ги лекува грчевите, овозможува испуштање гасови од организмот, дејствува противвоспалително и ги уништува глистите во цревата.

Го снижува крвниот притисок, ги смирува дигестивните проблеми, како што се надуеност, констипација, желудочни тегоби.

Ја прочистува и ја зајакнува крвта и дигестивните органи, а ефикасна е и во лекувањето црн дроб, слезина, панкреас, жолтица, грозница, срцебиење, болки во ‘рбетниот столб и во грбот, нередовни менструации, несоница, разни јадежи и чиреви.

Најчесто се користи за сопирање крвавење и лекување рани. На пример, можете да ставите свежо или исушено цвеќе од оваа билка на рана што крвави и да притиснете. Најчесто, по само 10-30 секунди раната ќе престане со крвавење, но ова зависи од големината на исекотината. Покрај тоа, служи и за отстранување болка од рани и спречува инфекции.

Некои луѓе џвакаат листови од оваа билка за да ублажат забоболка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа