Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поздрави активностите на компанијата ОКТА за ублажување на ценовните притисоци и поддршка на стабилноста на домашниот пазар на горива.

Од ресорното министерство информираат за продолжување на иницијативата за намалување на цената на дизелот во следниот период.

-Од 20 октомври до 2 ноември, ОКТА ја продолжува иницијативата за попуст од 2 денари по литар дизел-гориво, со што се обезбедува дополнителна поддршка во услови на нестабилност на светските енергетски пазари – се наведува во соопштението.

Од Министерството посочуваат дека ваквите иницијативи се значајни за домашната економија, стопанството и граѓаните, особено во период кога стабилноста на цените на енергенсите има директно влијание врз трошоците на компаниите и животниот стандард.

Според изнесените податоци, вкупната поддршка на ОКТА за домашниот пазар од март годинава се очекува да достигне околу 8 милиони евра.

Од Министерството порачуваат дека остануваат посветени на обезбедување сигурно снабдување со енергенси, стабилен пазар на горива и координација со сите релевантни чинители на пазарот.

Exit mobile version