Пејачот Драган Којиќ Кеба се огласи во јавноста по медиумските пишувања дека неговиот син Игор Којиќ и неговата партнерка Николина очекуваат принова, демантирајќи ги наводите за подготовки за луксузна свадба.

Во медиумите претходно се појавија информации дека семејството Којиќ подготвува спектакуларна свадбена прослава за која наводно ќе бидат издвоени 200.000 евра, како и детали за купување скапа венчаница.

Пејачот истакна дека фокусот на целото семејство во моментов е исклучиво доаѓањето на новото бебе, а дека за организирање свадба сè уште не се разговарало.

Пресреќен сум што ќе станам дедо. Тоа е голема радост за мене и едвај чекам да се придружи вонашето семејство. Сакам Игор и Николина да уживаат во овој посебен период, бидејќи најважно е да се среќни. Што се однесува до свадбата, за тоа сè уште нема разговор. Ниту нашето семејство, ниту семејството на Николина не разговарале на темата, па затоа разговорот за венчаницата, организацијата на прославата и големите бројки е прерано. Нека уживаат двајцата во својата среќа, а за сè друго има време – рече Кеба, пренесува Курир.

Exit mobile version