По преземени мерки и активности, Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С., поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“, соопштија од МВР.

Кривичната пријава се однесува на настанот од 06.09.2026 година, околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул. „Војдан Чернодрински“ во Скопје, кога од мотоцикл со две лица било пукано со огнено оружје кон група лица.

При пукањето, А.М.(26) од Скопје бил погоден со проектил, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Exit mobile version