Подгответе си шишиња: Ова се улиците на кои утре ќе нема вода

Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 милиметри на улица „Среќко Пужалка“ бб (згради Лутарнико), со прекинато водоснабдување утре ќе бидат корисниците на дел од оваа и улицата „Товарник“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, па до завршување со активностите, информираат од ЈП Водовод и Канализација Скопје.

Исто така утре поради изведување на водоводен приклучок ф-100 милиметри на улица „Виктор Иго“ број 31, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа и од улиците „Невена Георгиева Дуња“, „Драга Стојановска“ и „Дренак“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите.

30.06.2021 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега