Уживајте во сонцето во наредните два дена, бидејќи веќе од сабота ни пристигнува нов влажен бран. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и во петок ќе се задржи суво и потопло време, со услови за магла во утринските часови.
Викендот носи наоблачување и повремени врнежи од дожд. На повисоките планински предели врнежите ќе бидат од снег, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање во споредба со оние кои ќе ги имаме утре.

