По 8 Септември – Денот на независноста, до крајот на 2026 година граѓаните ги очекуваат уште неколку неработни денови.
Следниот неработен ден за сите граѓани е 11 Октомври – Денот на народното востание. Бидејќи празникот во 2026 година се паѓа во недела, неработен ќе биде понеделник, 12 Октомври.
Потоа следува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој оваа година се одбележува во петок и ќе биде неработен за сите граѓани.
Во декември, неработен ден за сите е 8 Декември – „Св. Климент Охридски“, кој во 2026 година се паѓа во вторник.
Така, до крајот на годината остануваат уште три неработни денови за сите граѓани.


