Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови на земјата, соопшти УХМР.

На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои повисоки места се очекува мешавина од дожд и снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од 3 до 8°C, а максималната ќе достигне од 6 до 11°C.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до 9 степени.

Exit mobile version