Од МВР информираат дека утре со почеток во 11:00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест на 1-ви Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на улица „Мирче Ацев“ бр.4 со движење лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“, десно по улицата „11-ти Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар „Илинден“ до пред Влада на Р.С. Македонија во Скопје.

Exit mobile version