Брисел потврди дека ИПАРД програмата не е блокирана и нејзината реализација продолжува, додека европратеникот Томас Вајц посочи дека Македонија бележи напредок во Реформската агенда, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Според него, со ова пропаднале сите обиди на СДСМ за манипулација на јавноста и земјоделците преку тврдења дека европските средства се изгубени.

Петрушевски појасни дека Владата навремено реагирала по случајот во Платежната агенција и побарала темелна контрола од Брисел.

„Вистината е дека по случајот во Платежната агенција, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено реагираше, ги стопираше процесите, го извести Брисел и побара вонредна и темелна контрола. Извештајот покажа дека системот функционира, дека процесите се одвиваат согласно закон и дека нема злоупотреба на системот“, истакна Петрушевски.

Дополнително, тој додаде дека европратеникот Вајц ја демантирал тезата на Филипче, појаснувајќи дека изјавата на која се повикува опозицијата е застарена.

Петрушевски обвини дека СДСМ континуирано шири конструкции за Буџетот, пензиите и платите, наместо да работи конструктивно.

Тој заклучи дека додека опозицијата манипулира, Владата останува посветена на евроинтегративниот процес.

Exit mobile version