Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје.
Како што информираат од МВР, денеска (10.02.2026) од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на Р.С. Македонија на улица „11-ти Октомври“ и улица „Даме Груев“ и доколку, како што велат, се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.


