Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите се очекуваат особено во северозападните и северните делови од земјата.

Ќе дува слаб до умерен ветер, кој ќе доаѓа од јужен правец.

Што се однесува до температурите, минималната ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во главниот град, Скопје, прогнозата е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Температурата во Скопје ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени. Ќе дува и слаб југоисточен ветер.

Според најавите од УХМР, нестабилното време ќе продолжи до понеделник.

„До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 литри на метар квадратен)“, се вели во соопштението од УХМР.

Стабилизирање на времето се очекува од вторник.

Exit mobile version