Поцкова: Филипче прво сакаше европско-американски вакцини, па смени се одлучи за кинески, ама уште нема никакви

Додека сите држави се во трка за вакцина повеќе, последно од министерот за здравство, Венко Филипче е дека е набавена како што вели „најсофистицираната терапија на антитела за КОВИД пациенти“. Ама според министерот за здравство на време и доволно има и ивермектин, па пациентите се жалат дека го нема или едвај се наоѓа молејќи познати,

Ова го истакна истакна Јадранка Поцкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешна прес конференција.

– Чекајќи ги вакцините, последно министерот за здравство Филипче се најде пред вратата на Кинезите.
А, самиот тој пред две недели јасно кажа дека одлуката паднала да се даде приоритет на вакцините од Европска медицинска агенција и американската Агенција за лекови. Но, оваа изјава кратко траеше, па така по една недела тој се најде пред вратата на Кинезите и одеднаш одлучи дека и оваа вакцина има сосема соодветни документи, или сертификати. Тој рече дека „сите производители на вакцини ги имаат сертификатите од своите матични земји и оваа исто така нема никаква административна пречка, ниту сомнеж за квалитетот“, посочи Поцкова.

– Со каква леснотија министерот Филипче ги менува изјавите. Прво вели ги преферираме овие, ама потоа вели и за другите нема никаква административна пречка, ниту сомнеж во квалитетот. Како и да е, од најавата во октомври минатата година кога рече дека ќе има на време вакцини, сите земји добија по неколку тури вакцини, и различни видови на вакцини, изјави таа.

-Овде граѓаните не можат да видат никаква вакцина. Се најавуваа вакцини од КОВАКС, па од соседи, па од директни договори со производителите, ама нема ништо. Излезе само вест дека докторка од Македонија сама отишла да се вакцинира во Србија, и на тоа имала право затоа што работела таму. Мисли ли министерот Филипче на граѓаните, мисли ли воопшто на медицинскиот персонал кој е во првите борбени редови? Очигледно не. Македонија е единствена без основната алатка за сузбивање на короната. Затоа одговорност мора да има, додаде Поцкова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега