Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Подгответе ги чадорите: Денеска не очекува дожд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почнаа уписите на УКИМ

    Почнаа уписите на УКИМ

    18.08.2026 во 19:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со УВ индекс 8 и температури близу 40-тиот степен, во редици и со документи в раце – почнаа уписите на УКИМ. 

    И годинава двоен систем. Покрај електронското пријавување, идните бруцоши мораа и лично на шалтерите на факултетите да ги донесат хартиените документи. Сител денеска направи обиколка, за да провериме како тече процесот.

    Долгите редици и оваа година се печатот на уписите, целосната дигитализција ќе почека подобри времиња. 

    Гужви имаше на сите факултети, но некои чекаа во климатизирани амфитеатри, други се печеа на сонце, трети ги користеа документите да се разладат додека чекаа ред на студентски прашања. 

    На 23-те факултети при УКИМ има 8.851 место. Најголем број студенти на разни студиски програми ќе прими Медицинскиот факултет – 950. Денеска таму беше најкритично. Младите се револтирани бидејќи на сонцето чекале подолго време. Бараат целосно дигитални процеси.

    Гужва имаше и на ФИНКИ, но идните бруцоши седеа и чекаа да им дојде редот во климатизирани амфитеатри.

    Деканот за Сител вели дека е неопходно свидетелствата од средно да се во електронска форма, за целиот процес да биде дигитален. 

    ФИНКИ оваа година ги отвора вратите за 500 студенти. 

    Денеска требаше и вистинско трпение за на Правен, додека ти дојде редот и да завршиш работа. 

    Порелаксирана беше атмосферата на техничкиот кампус при УКИМ.

    Оваа година квотите за упис се намалени за 2000 места на сите универзитети. Најмногу на струките бизнис и администрација, како и на Правниот факултет – бидејќи резултатите покажале голема невработеност откако студентите по дипломирањето.

    За разлика од овие факултети, останаа речиси идентични техничките струки, информатиката, машинството, градежништвото, таму е вработливоста на одлично ниво и достигнува некаде до 98-99 проценти. 

    Прочитај повеќе

    „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица

    12.09.2026 во 11:32

    ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 

    12.09.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.