Почна седницата на Централниот одбор на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва заседава во партискиот штаб.

На седницата присуствуваат лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, заменик-претседателот на партијата Сања Лукаревска, генералниот секретар Миле Зечевиќ, потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, секретарот за меѓународна соработка и вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ, како и други членови од раководството.

За одлуките и заклучоците, како што најавија од СДСМ, предвидена е изјава по завршувањето на седницата. 

09.02.2023 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега