Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почна процедурата: Предлогот за разрешување на Јавниот обвинител Љупчо Коцевски пристигна во Собрание

    Почна процедурата: Предлогот за разрешување на Јавниот обвинител Љупчо Коцевски пристигна во Собрание

    11.12.2025 во 12:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска пристигна во Собранието. Со ова се продолжува постапката која претходно беше поведена од Владата, но беше привремено стопирана поради законски ограничувања за време на изборниот период.

    Владата на завчерашната седница го усвои предлогот, по претходно добиено негативно мислење од Советот за јавни обвинители.

    Портпаролката Марија Митева ги образложи причините за предлогот, кој се темели на членот 88 став 1 од Законот за јавното обвинителство.

    „Врз основа на членот 88 став 1 од Законот за јавното обвинителство… му предлага на Собранието од функцијата јавен обвинител на Република Македонија да го разреши Љупчо Коцевски, поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на Јавното обвинителство.“

    Повреди кои се ставаат на товар на Коцевски:

    • Неовластено изнесување информации и податоци за судски предмети, со што е повредена обврската за тајност на постапката.
    • Нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед.
    • Непостапување согласно обврските предвидени со Уставот, законите и меѓународните договори.

    Од Владата посочуваат дека како последица на овие повреди, во изминатиот период е евидентна нарушената функционалност на Јавното обвинителство и сериозно е нарушен интегритетот на институцијата.

    Владата првично донесе одлука за поведување постапка за разрешување на Коцевски на 11 февруари годинава. Потоа, постапката беше запрена по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

    Во меѓувреме, на 26 јуни, пратеничката група на Левица поднесе интерпелација за Коцевски поради „нефункционална состојба, неажурност и надворешни политички влијанија“, која беше изгласана од Собранието на 29 јули. Потоа, постапката повторно беше стопирана поради предизборни законски ограничувања.

    Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека очекува целата процедура за избор на нов главен јавен обвинител да се одвива брзо. За негативното мислење на Советот за јавни обвинители, тој рече дека Владата има поинакво мислење.

    Љупчо Коцевски беше именуван за републички јавен обвинител на 13 февруари 2024 година.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест

    23.09.2026 во 21:18

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.