Починаа три лица заразени со легионела во загрепската болница

Три лица во загрепската болница „Ребро“ починаа денеска по заразата со легионела, неофицијално е потврдено за хрватски „Индекс“.

Вкупно шест лица се заразиле со легионерска болест, и тоа во болница. Сите преостанати инфицирани имаат тешки коморбидитети и се имунокомпромитирани.

КБЦ – Загреб претходно потврди дека легионела се појавила во болница и дека ја изолирале во водата. Од болницата рекоа и дека во 17 часот ќе одржат прес-конференција.

„Веднаш го алармиравме Хрватскиот институт за јавно здравје, кој ги направи сите анализи и бактеријата е изолирана во водоводниот систем, во моментот во тек е пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“, изјави Миливој Новак, помошник-директор за квалитет.

18.06.2024 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега