Македонската спортска јавност денеска се збогува со еден од своите најголеми фудбалери на сите времиња. Почина Васил Рингов, човекот кој остави неизбришлив белег во југословенскиот и македонскиот фудбал, а веста ја потврдија од Фудбалската репрезентација на Македонија.

Рингов својот фудбалски пат го започна во родната Струмица, во редовите на Беласица, по што неговиот талент го одведе во белградски Партизан. Најсветлите моменти во кариерата ги помина во ФК Вардар и ФК Тетекс, со кои долги години беше страв и трепет за противничките одбрани во Првата југословенска лига во текот на 80-тите години.

„Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство. Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината. Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога зборуваше, имаше тежина“, се вели во емотивната објава на ФФМ.

Неговото име ќе остане запишано со златни букви во историјата на Вардар, каде важеше за еден од столбовите на најуспешната генерација на клубот.

Exit mobile version