Почина Славомир Маринковиќ - еден од основачите на „Вечер“

 


Вчера почина Славомир Маринковиќ, новинар, публицист, преведувач, автор, коавтор и редактор на монографии, биографии, лексикони, речници, енциклопедии…

Роден 1937 година, тој е еден од основачите на „Вечер“, каде работел од 1963 до 2000 година. Бил уредник на Културната, Надворешнополитичката, Дневната редакција, Неделното издание; заменик главен уредник. Бил дописник во САД и специјален известувач за „Вечер“ и „Нова Македонија“ од американски претседателски избори (1972). Меѓу интервјуираните странски личности се Хјуберт Хамфри, Џанкарло Паета, Џек Лемон, Жан Жене, Џоан Баез…

Автор, коавтор, редактор, уредник на: „Ми-анова енциклопедија“ – 4 тома, Македонско-англиско-француски илустриран речник „Да зборуваме / Let’s Talk / Parlons“, „Нобеловци“, „Книга на факти“, „Сто македонски години“, Лексикон на епоними и епонимни форми „Што по кого е наречено“, „Олимпизам“, „13-јазичен Балкански речник“, „Македонија и Верди“, „999 мјузикли, оперети, опери и ораториуми“, Лексикон на хромоними „Сите бои мои и твои“, „Престолнини и главни градови“, „111 Клерихју“, „Нетакатукувака“…

Добитник на наградата „Крсте Мисирков“ за новинарство (1970).

15.10.2024 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега