Close Menu
Press24
    Најново

    Со автобус сакал да излезе од Македонија, па удрил во кабина – маж од Косово остана без документи

    09.02.2026 во 23:50

    Девет знаци на емоционална незрелост во партнерските односи

    09.02.2026 во 23:32

    (ВИДЕО) Хаос во студентскиот дом во Охрид: Студентите останаа без струја, греење и топла вода

    09.02.2026 во 23:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Со автобус сакал да излезе од Македонија, па удрил во кабина – маж од Косово остана без документи
    • Девет знаци на емоционална незрелост во партнерските односи
    • (ВИДЕО) Хаос во студентскиот дом во Охрид: Студентите останаа без струја, греење и топла вода
    • Три знаци секогаш го добиваат она што го сакаат
    • Франција им испраќа писма на 29-годишниците: „Раѓајте деца пред да биде предоцна“
    • Крај на судскиот процес во Австрија: Родители осудени на доживотна робија за убиство на сопственото дете
    • Состанок на ИК: Кадровски освежувања во ВМРО-ДПМНЕ
    • Нов удар за Кир Стармер: Уште една оставка во кабинетот на британскиот премиер
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина седумгодишно девојче во тетовската болница

    Почина седумгодишно девојче во тетовската болница

    22.09.2025 во 11:05
    ФОТО: Принтскрин/Сител
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Почина девојче на седум години кое било на болничко лекување во Клиничката болница Тетово, информираат денес од тетовската јавна здравствена установа. Девојчето од тетовското село Челопек било примено на Одделението за педијатрија во саботата во 20:40 часот, а почина во неделата.

    „Пациентката беше примена на Одделението за педијатрија на датум 20.09.2025 во 20:40 часот навечер, и веднаш беа преземени сите неопходни мерки согласно важечките медицински протоколи со цел поставување на точна дијагноза. Од моментот на приемот, беа преземени сите потребни медицински мерки соодветни на нејзината здравствена состојба, вклучително и интензивна рехидратација, согласно професионалните и клинички насоки“, информираат од Клиничка болница.

    Со цел понатамошен третман, била побарана помош од Одделението за оториноларингологија (ОРЛ) за дополнителна интервенција.

    „Била побарана помош од ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За жал, за време на интервенцијата, пациентката не покажа знаци на реакција, по што беше итно префрлена на Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, пациентката почина“, соопштуваат од Клиничка болница Тетово.

    Со цел целосна транспарентност и расветлување на причините за смртта, болницата побарала извршување на судско-медицинска обдукција.

    „Сепак, до овој момент, семејството на пациентката го изрази своето противење за спроведување на обдукцијата. Изразуваме искрено сочувство и длабока тага до семејството во овие исклучително тешки и трагични моменти“, се вели во соопштението на Клиничка болница Тетово.

    Од Болницата велат дека се подготвени за соработка со надлежните институции за секое дополнително појаснување поврзано со овој случај.

    Top News
    Популарно

    Метео предупредување за ноќеска и утре: Обилни врнежи од дожд во текот на ноќта, најкритично во југоисточна Македонија

    09.02.2026 во 16:47

    Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници

    09.02.2026 во 18:07

    Божиновска: Не можеме да чекаме 57 години за родова еднаквост во енергетиката

    09.02.2026 во 16:36

    (ВИДЕО) Хаос во студентскиот дом во Охрид: Студентите останаа без струја, греење и топла вода

    09.02.2026 во 23:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.