Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина на само 35 години – Откриена вистинската причина за смртта на турската актерка од серијата на Сител

    Почина на само 35 години – Откриена вистинската причина за смртта на турската актерка од серијата на Сител

    13.07.2026 во 08:351 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По неколку недели неизвесност, медиумски шпекулации и бројни теории на заговор, конечно е откриена вистинската причина за трагичната и ненадејна смрт на турската актерка Еџе Иртем. Ѕвездата, која публиката ја засака по улогата во хит-серијата „Шербет од Брусница“, почина на 35-годишна возраст, само еден ден по својот роденден.

    Иако првичните информации укажуваа дека причината за смртта е срцев удар, конечниот обдукциски извештај на Државниот институт за судска медицина на Турција покажал дека младата актерка починала од труење со алкохол.

    Според официјалниот извештај, како главна причина за смртта е наведена интоксикација со етил алкохол. Токсиколошките анализи, исто така, потврдиле присуство на одредени лекови во нејзиниот организам, за кои е познато дека во комбинација со алкохол можат фатално да влијаат врз централниот нервен систем.

    Трагичниот настан се случи на 15 јуни во нејзиниот стан во Истанбул, а во моментот кога ѝ се слошило со неа била нејзината мајка. Претходниот обдукциски извештај покажал дека на телото на актерката не биле пронајдени траги на насилство или какви било повреди.

    Со конечните резултати од обдукцијата ставена е точка на бројните шпекулации и теории што со недели ја вознемируваа турската јавност.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат

    11.09.2026 во 23:47

    Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт

    11.09.2026 во 23:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.