Почина авторот на хитовите „Одисеја“, „Љубовта е само збор“ и „А сега, адио“

Композиторот и диригент Војкан Борисављевиќ почина денеска во Белград на 74-годишна возраст, пишува српски „Новости“. Ќе остане запаметен како автор на хитовите како „Одисеја“, „Љубовта е само збор“ и „А сега, адио“.

Неговата кариера траеше повеќе од пет децении. Роден е на 5 мај 1947 година во Зрењанин, а од 1948 година живее во Белград. По завршувањето на средното училиште, студирал на Филозофскиот факултет во Белград. Своето музичко образование го стекнал во белградските училишта.  Своето музичко образование го стекнал во белградските училишта „Д-р Воислав Вучковиќ“ и „Станковиќ“, како и на приватните студии во Париз. Активно се занимава со уметничка работа од 1965 година.

Целиот работен век го помина како слободен уметник во рамките на Здружението на композитори на Србија со статус на истакнат уметник. Компонирал музика за театар, филм и телевизија, популарни и детски песни, инструментални композиции и аранжмани, кои сочинуваат неколку стотици дела од различни жанрови.

Автор е на повеќе од 500 песни за најпознатите југословенски пејачи – Лео Мартин, Здравко Чолиќ, Ѓорѓе Марјановиќ, Мики Јевремовиќ и многу други. Тој исто така компонирал музика и за бројни телевизиски серии и филмови, како што се „Сивиот дом“ и „Жежок ветер“.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега