Почина актерката Луиза Флечер

Американската актерка Луиза Флечер почина на 88-годишна возраст.

Родена е на 22 јули 1934 година во Бирмингем, (Алабама, САД). Меѓународната слава ја стекна со филмот на Милош Форман, „Лет над кукавичјото гнездо“, каде играше заедно со Џек Николсон, а таа улога и донесе Оскар.

Флечер почина во сон опкружена со семејството во нејзиниот дом во Мондуро, Франција, изјави нејзиниот агент Дејвид Шол за Асошиетед прес. Не е наведена причината.

Откако ја стави својата кариера во мирување со години за да ги воспитува своите деца, Флечер беше во раните 40-ти и малку беше позната кога ѝ беше доделена улогата заедно со Џек Николсон во филмот од 1975 година во режија на Милош Форман, кој се восхитуваше на нејзината работа една година претходно во филмот на Роберт Алтман „Крадци како нас“.

Во тоа време не знаеше дека многу други истакнати ѕвезди, вклучувајќи ги Ен Банкрофт, Елен Барстин и Анџела Лансбери, го одбиле.

24.09.2022 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега