Почина 45-годишен затвореник во Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено - поправната установа Затвор Идризово бил пронајден починат В.Ѓ.(45) од Велес, кој издржувал казна затвор во установата.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
24.10.2024 - 16:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа