Close Menu
Press24
    Најново

    Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи

    29.10.2026 во 14:21

    Куманово: Цели девет месеци силувал дете

    29.10.2026 во 14:08

    Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари

    29.10.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
    • Куманово: Цели девет месеци силувал дете
    • Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
    • Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
    • Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство
    • Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка
    • Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По третпат им ги намалија платите – обвинителите бараат Уставниот суд итно да пресече

    По третпат им ги намалија платите – обвинителите бараат Уставниот суд итно да пресече

    20.10.2026 во 10:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат Уставниот суд итно да се произнесе за законските измени со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметување на платите на јавните обвинители и членовите на Советот.

    Од Здружението на јавните обвинители изразуваат загриженост што повеќе од осум месеци нема конечна одлука по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на измените. Според нив, одложувањето отвора прашања за самостојноста на обвинителството и создава нерамноправност во однос на судската функција.

    Како аргумент го посочуваат и претходното решение на Уставниот суд со кое е поведена постапка за оценување на законските одредби. Во него, според обвинителите, е изразен сомнеж дека намалувањето на коефициентите може да ја загрози уставно загарантираната самостојност на јавното обвинителство и правото на соодветна заработувачка.

    Од обвинителската фела предупредуваат дека ниските плати, недостигот од кадар, ограничениот буџет и несоодветните услови за работа дополнително го отежнуваат функционирањето на институцијата. Тие сметаат дека ваквата состојба може да предизвика одлив на обвинители и да се одрази врз заштитата на правата на граѓаните.

    Воедно, посочуваат дека платите на јавните обвинители во земјава се меѓу најниските во регионот и очекуваат проблемот да биде нотираn и во претстојниот извештај на Европската комисија.

    Од институциите и здружението бараат Уставниот суд да ги разгледа аргументите и доставените компаративни анализи и да донесе одлука за оспорените законски измени.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи

    29.10.2026 во 14:21

    Куманово: Цели девет месеци силувал дете

    29.10.2026 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.