Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински, оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер, по катастрофалниот пожар во Кран-Монтана кој однесе околу 40 животи.
Муцунски изрази подготвеност државата да ги стави на располагање своите медицински капацитети. „Изразив подготвеност нашата држава да прифати повредени пациенти и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во нашите здравствени установи“, информираше министерот.
Дополнително, Македонија понуди и испраќање на стручен кадар. „Доколку има потреба, подготвени сме и македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да помогнат во процесот на лекување“, порача Муцунски.
Од Министерството за здравство потврдија дека веќе е воспоставен канал за комуникација со швајцарските здравствени власти и се прават проверки на расположливите капацитети.

