Во последното деноноќие најмногу врнежи се измерени во Гевгелија, каде што паднале пет литри дожд на квадратен метар, известува Управата за хидрометеоролошки работи. Минимални количества дожд биле забележани во Охрид, Велес и Пожаране.
УХМР прогнозира дека денес времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и повремени слаби врнежи во северозападните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од север, а дневните температури ќе се движат меѓу 10 и 15 степени.
Скопје ќе има слични услови, со очекуван максимум од околу 12 степени.
Од утрешниот ден најавено е стабилизирање на атмосферските услови.

