Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

    30.10.2026 во 13:07

    Подгответе ги чадорите: Од утре дожд

    30.10.2026 во 12:43

    Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“

    30.10.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата
    • Подгответе ги чадорите: Од утре дожд
    • Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“
    • Муцунски оствари средба со унгарскиот специјален пратеник Клеин: Потврдена стратешката соработка и европската перспектива
    • Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој
    • ЦУК: Јавете се на 112 само кога е итно – имаме повици за административни прашања
    • Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток
    • Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По силното невреме – УХМР издаде ново метео предупредување

    По силното невреме – УХМР издаде ново метео предупредување

    22.07.2026 во 07:521 Min Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на повеќе места ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можно е и изолирано невреме со појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од западен правец.

    Минималната температура ќе се движи од 12 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

    Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.

    До петок, под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни и ќе преминуваат во краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а поради продор на постудена воздушна маса од север ќе следува значително намалување на температурата.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

    30.10.2026 во 13:07

    Подгответе ги чадорите: Од утре дожд

    30.10.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.