Водостоите на поголемиот дел од реките во земјата се намалуваат во споредба со вчера, покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, минимално зголемување е забележано кај некои реки:
- Треска кај Македонски Брод – +3 см
- Пчиња кај Пелинце – +3 см
- Катлановска Бања – +4 см и +2 см (зависно од точката на мерење)
- Струмица кај Коњарево – +3 см
Најголем раст на водостојот се регистрира кај:
- Струмица кај Сушево – +24 см
- Црна Река кај Р. Б. Мост – +20 см
- Брегалница кај Штип – +18 см
Водостоите на трите природни езера во земјата остануваат исти како вчера.


