Струмичките пожарникари денеска со полни раце работа. Уште во раните утрински часови, ТППЕ Струмица се соочи со серија опасни пожари на три различни локации. Најдраматично беше во излетничката населба Суви Лаки, каде пламените јазици „проголтаа“ викендица.

Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена викендица, интервенирано со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители и ТППЕ Берово со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители.

Еден час подоцна во 08.12 часот, на улица Бетовенова, запалена куќа, интервенирано со 3 ПП возила и 8 пожарникари-спасители

После неполни два часа од последната интервенција во 09.48 часот, во село Муртино, запален оџак, интервенирано со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители.

Exit mobile version