По 5 месеци принцот Филип се појави во јавноста – објавена фотографија од кралскиот пар, јавноста ги искритикува

Војводата на последната фотографија позира во одело со вратоврска во боја на британската кралска гарда, а Елизабета е облечена во фустан со цветен дезен.

Принцот Филип повеќе од 7 децении е во брак со кралицата Елизабета, а денес на 10-ти јуни слави 99 години поради што од Бакингемската палата објавиле нова фотографија од кралицата и војводата од Единбург.

Наместо голема прослава, војводата роденденот ќе го слави во друштво на кралицата, на интимна вечера во дворецот Виндзор, каде што војводата и кралицата престојуваат во изолација поради коронавирусот, што значи дека останатите членови од кралското семејство ќе му испратат честитки по пат на видео повик.

Парот претходната недела бил фотографиран пред дворецот, а станува збор за првата фотографија од принцот која што протече во јавноста по 24-ти декември минатата година.

Објавената фотографија предизвикала големо внимание во јавноста, но и на социјалните мрежи каде што многумина од корисниците искоментирале дека станува збор за Фотошоп.

Принцот Филип кој што е во брак со кралицата Елизабета веќе 72 години, ретко се појавува во јавноста откако се повлече од кралската должност во 2017-та година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа