Во Тетово средба на Али Ахмети со Зијадин Села

 

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во моментов во Тетово е на средба со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети. Во изјава за Алсат, Села истакнува дека станува збор за тековна средба меѓу тесното раководство на АА и ДУИ.

Тоа е редовен состанок на Фронтот, тесното раководство на АА со раководството на ДУИ и ќе дискутираме за политичката ситуација, рече Села.
Прашан дали лидерот на едното крило на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари ќе стане дел од Европскиот фронт, Села потенцира дека се отворени за секој што ја сфатил својата грешка и бара извинување.

Ова се моменти за кои нема да се дискутира денеска, а „Европскиот фронт“ е жив организам и отворен за сите оние кои бараат јавно извинување и ги разбрале грешките што ги направиле, но без да се направат овие работи, тешко е да се има било каква друга опција, изјави Села.

07.05.2025 - 17:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега