По пауза од четврт век, Македонија повторно ќе добие средно полициско училиште. Министерот Тошковски денеска информираше дека со законските измени се враќа категоријата „професионален полицаец“, што според него е револуционерен чекор во образованието на кадарот.

Министерот упати јавен повик до сите ученици кои во моментов се втора година во средно образование:

„Ги повикувам сите заинтересирани ученици од втора година, доколку имаат желба да станат полицајци и си ја сакаат државата, да размислат за упис од 1 септември идната година во трета година во полициското училиште“.

Првата генерација професионални полицајци со вакво образование се очекува да излезе за две и пол години.

Exit mobile version