По 20 години, Вранишковски се враќа во МПЦ

 

По 20 години расчинетиот владика Јован Врнишкоски повторно се враќа во Македонската Православна Црква како епископ и ќе му биде отстапен дел од Преспанско пелагониската епархија.

Тој присуствуваше на денешната света архиерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од Соборот на Српската православна црква (СПЦ) која се одржа во Св. Софија во Охрид.

Вранишковски беше расчинет од МПЦ во 2002 година, а веднаш потоа беше формирана ПОА, која не беше призната во Македонија. Вранишковски беше осуден за ширење верска омраза и за проневера на пари, по што одлежа 5 години затвор.

05.06.2023 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега