Нафтоводот кој ги поврзува Солун и Скопје официјално е пуштен во употреба на последниот ден од изминатата година, потврди извршниот директор на „Helleniq Energy“, Андреас Сиамисис. По долг прекин од 13 години, првата пратка гориво веќе е испорачана, а наскоро се очекува и втората тура.

Овој нафтовод во суштина претставува „вертикален коридор“ за снабдување со дизел-гориво, што е клучен производ за целиот регион. Според Сиамисис, неговата работа значително ќе го олесни извозот не само кон македонскиот пазар, туку и кон Косово, јужна Србија и Бугарија, со што се зајакнува геополитичката позиција на енергетскиот сектор во овој дел од Европа.

Премиерот Христијан Мицкоски уште во ноември најави дека Владата ги презема сите чекори за активирање на овој капацитет, нагласувајќи дека по успешно завршените испитувања и утврдувањето на ценовникот, нафтоводот е подготвен за комерцијална употреба од страна на компаниите.

Exit mobile version