Плусинфо: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пред договор за ротирачки премиер

Веста што ја пренесуваат вечерва (5 август) албанските медиуми, дека е на повидок коалиција меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, потекнува од партиски извори кои имаат директна врска со преговарачите, пишува Плусинфо.

Како што пишуваат медиумите на албански јазик, ВМРО-ДПМНЕ смета на гласовите на Левица, со тоа што Левица би ја поддржала новата влада без да учествува во неа.

Плусинфо дознава дека се смета и на поддршка од ДПА, но и на четирите мандати на Алтернатива на Африм Гаши.

Не е точна информацијата дека се разигрува опцијата заеднички премиер да биде Лазе Еленовски.

Како што пишува порталот, опцијата за премиерската позиција која сега е на маса е една година, од август годинава до август следната година, премиерот да го даде ДУИ, а потоа три години премиерот да биде од ВМРО-ДПМНЕ.

На тој начин двете партии би оствариле значајни придобивки. Интегративците би го оствариле изборното ветување, а ВМРО-ДПМНЕ би добиле премиер што ќе ја води владата во следните три изборни циклуси, на локалните, на претседателските и на следните парламентарни избори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега