Плусинфо: Слупчанци ги избркале екипите на ЕВН, 80% од струјата ја краделе

Околу 200 жители на кумановското село Слупчане денеска насилно ги спречиле екипите на ЕВН да извршат неопходни работни активности за реконструкција и модернизирање на електричната мрежа во селото, пишува „Плусинфо.мк“. Толпата го блокирала влезот на селото и не им дозволила на работниците да работат, притоа заканувајќи им се по живот.

Надлежните од ЕВН за ситуацијата го информирале Министерството за внатрешни работи и другите надлежни институции. 

„Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа” – изјавиле од ЕВН за „Плусинфо.мк“.

Според порталот вкупните годишни загуби поради кражби на струја во селото Слупчане изнесуваат повеќе од 1 милион евра, односно околу 6 GW/h. Процентуално, 80% од годишната потрошена енергија се краде, а успешно се наплаќа само една третина од останатите 20% фактурирана енергија.

07.06.2023 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега