Close Menu
Press24
    Најново

    Платите во животна средина растат: Потпишан историски колективен договор – еве колку ќе изнесува покачувањето

    30.03.2026 во 13:11

    Ѓорѓиевски пресече – паркирањето останува бесплатно за сите жители на општина Аеродром

    30.03.2026 во 13:08

    Љутков: Спомен-домот на Разловечкото востание се подготвува за големиот јубилеј

    30.03.2026 во 13:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Платите во животна средина растат: Потпишан историски колективен договор – еве колку ќе изнесува покачувањето
    • Ѓорѓиевски пресече – паркирањето останува бесплатно за сите жители на општина Аеродром
    • Љутков: Спомен-домот на Разловечкото востание се подготвува за големиот јубилеј
    • Филипче за Мицкоски: Подготвен е да жртвува децении од вашите животи за личен бизнис и изолација
    • Подгответе се за гужви низ Скопје: Милатовиќ доаѓа во дводневна посета на Македонија
    • АХВ во акција пред Велигден: Инспекторите ги чешлаат маркетите и пазарите – се проверува сè, од јајца до месо
    • „Сè нека земе, и стан и сè, само ќерката нека ми ја остави“: Потресно сведочење на мајката на Ивана – со години криела модринки и живеела во страв за детето
    • Ужас во судницата: Обвинетиот за смртта на Ивана и 6-годишната ќерка се смеел додека обвинителката ги читала деталите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Платите во животна средина растат: Потпишан историски колективен договор – еве колку ќе изнесува покачувањето

    Платите во животна средина растат: Потпишан историски колективен договор – еве колку ќе изнесува покачувањето

    30.03.2026 во 13:111 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за животна средина и просторно планирање и Синдикалната организација на Министерството денеска направија значаен исчекор кон унапредување на работничките права на вработените, со потпишување на првиот колективен договор од ваков вид.

    Со договорот се предвидува постепено зголемување на платите на работниците во министерството, по 7 отсто почнувајќи од март 2026 година, со дополнителни зголемувања во 2027 и 2028 година. Ова е јасен сигнал дека трудот и посветеноста на равотниците се препознаваат и вреднуваат.

    Истовремено, се обезбедува и унапредување на условите за сите вработени, преку усогласување на платите за останатите категории согласно законските прописи, но и преку воведување на низа конкретни придобивки: надоместоци за ноќна и сменска работа, регулирање на исплатата на патните трошоци, работа за празници и прекувремена работа, јубилејни награди, како и засилени механизми за заштита од вознемирување и унапредување на безбедноста при работа.

    Министерот Муамет Хоџа, по потпишување на договорот со претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателката на синдикалната организација Мартина Спасовска Тоцева, рече дека овој договор претставува резултат на заедничка посветеност, дијалог и меѓусебна почит.

    Договорот носи поголема јасност и сигурност во однос на правата за платено и неплатено отсуство, што придонесува за подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.

    Популарно

    Платите во животна средина растат: Потпишан историски колективен договор – еве колку ќе изнесува покачувањето

    30.03.2026 во 13:11

    Ѓорѓиевски пресече – паркирањето останува бесплатно за сите жители на општина Аеродром

    30.03.2026 во 13:08

    Љутков: Спомен-домот на Разловечкото востание се подготвува за големиот јубилеј

    30.03.2026 во 13:04

    Филипче за Мицкоски: Подготвен е да жртвува децении од вашите животи за личен бизнис и изолација

    30.03.2026 во 12:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.