Техеран достави до меѓународната јавност предлог од 10 точки за ставање крај на крвавиот конфликт со САД и Израел. Клучниот дел од планот предвидува Иран да ја прекине де факто блокадата на стратешката Ормуска Теснина, но за возврат бара воведување на солена такса од околу два милиони долари по брод.
Како што пренесува „Њујорк тајмс“, овие средства би се користеле исклучиво за обнова на иранската инфраструктура уништена во нападите.
Што содржи иранскиот ултиматум за мир?
- Гаранции дека Иран нема повторно да биде нападнат од САД и Израел;
- Итно запирање на израелските напади врз Хезболах во Либан;
- Целосно укинување на сите меѓународни санкции кон Техеран;
- Поделба на приходите од таксите во Ормус со соседен Оман.
За возврат, Иран нуди протокол за безбедно преминување на танкерите и прекин на сите регионални непријателства. Досега нема официјален одговор од Вашингтон на оваа понуда.

