Close Menu
Press24
    Најново

    Се огласи докторот кој го лекува Дачиќ: Засега е стабилен

    27.02.2026 во 16:18

    Германија воведува построги правила за оваа група луѓе

    27.02.2026 во 16:04

    Средба на Сиљановска-Давкова со Грлиќ Радман: Хрватска е подготвена да придонесе кон забрзување на македонскиот евроинтеграциски процес

    27.02.2026 во 15:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се огласи докторот кој го лекува Дачиќ: Засега е стабилен
    • Германија воведува построги правила за оваа група луѓе
    • Средба на Сиљановска-Давкова со Грлиќ Радман: Хрватска е подготвена да придонесе кон забрзување на македонскиот евроинтеграциски процес
    • Крај на паниката во Тетово: Познато кој ги праќал пораките за лажните дојави за бомби
    • Вистинска драма со среќен крај: Бебе преживеа пад од 33 метри висина
    • Објавен огласот за нови еко-автобуси: Еве кои се условите и кога ќе пристигнат првите возила
    • Ѓорѓиевски на средба со Варнс – разговараа за борбата против корупцијата и нови проекти за Скопје
    • Се уште се вози без возачка и со нерегистрирани возила: Полицијата уапси седум возачи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Писториус: Руски авион прелета над германска фрегата во Балтикот

    Писториус: Руски авион прелета над германска фрегата во Балтикот

    24.09.2025 во 20:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Руски воен авион прелета над германска воена фрегата во Балтичкото Море, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

    – Навлегувањата на руски дронови и воени авиони длабоко во полскиот и естонскиот воздушен простор, како и прелетот над германска фрегата во Балтичкото Море во рок од неколку дена, јасно покажуваат дека Русија буквално ги тестира границите, вклучително и на земјите-членки на НАТО, со сè поголема фреквенција и интензитет, рече Писториус.

    Прелетите над бродови се сметаат за непотребна провокација.

    Според извори на ДПА, станува збор за фрегатата „Хамбург“, која моментално учествува во тековните вежби на НАТО под името „Нептун страјк“. Двата прелета се случиле непосредно пред и за време на изминатиот викенд.

    Третата серија од вежбите „Нептун страјк“ се одржува од 22 до 26 септември и има цел да ја демонстрира способноста на Алијансата да интегрира напредни поморски ударни капацитети, да го зајакне одвраќањето и да обезбеди слобода на навигација низ критичните водни патишта.

    Изјавите на Писториус дојдоа во момент кога тој побара од пратениците во Бундестагот да го одобрат буџетот на Министерството за одбрана за 2026 година.

    Министерот рече дека рускиот претседател Владимир Путин „сака да ги провоцира земјите-членки на НАТО и да идентификува, открие и искористи наводни слабости во Алијансата“.

    Но, според Писториус, Путин прави грешка.

    – Алијансата реагираше на руските провокации со јасно единство и решителност, но истовремено и со неопходната присебност што денес е особено важна, нагласи тој.

    Според предлогот на германската Влада, буџетот за 2026 година предвидува 82,69 милијарди евра редовни трошоци, плус дополнителни 25,51 милијарди евра од специјалниот воен фонд воспоставен по руската инвазија врз Украина.

    За споредба, во 2025 година редовното трошење изнесува 62,43 милијарди евра, а уште 24,06 милијарди евра се одвојуваат од фондот.

    Популарно

    Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    25.02.2026 во 10:01

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Стразбур пресече: Државата ќе му плати 11.000 евра на затвореник тепан во „Идризово“

    27.02.2026 во 10:00

    Трамп едвај го започна говорот, а веќе првиот инцидент: „Црнците не се мајмуни“

    25.02.2026 во 09:51

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.