Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пијани, со забрани и без дозволи – полицијата приведе 12 лица

    Пијани, со забрани и без дозволи – полицијата приведе 12 лица

    16.04.2026 во 16:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило.

    Од МВР информираат дека седуммина од нив управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, по двајца со брзина поголема од дозволената и под дејство на алкохол и еден со активна забрана. Двајца возачи во Скопје, од кое еден малолетник и по еден возач во Штип, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Тетово возеле без возачка дозвола.

    Еден возач во Гевгелија и еден во Тетово управувале возило со брзина поголема од дозволената. Еден возач во Струга и еден возач во Скопје управувале возило под дејство на алкохол, а еден возач во Куманово управувал возило со активна забрана.

    Од таму додаваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

    „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, посочија од МВР.

    Прочитај повеќе

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.