Вчера на ул.„Косовска“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.К.(26) од Штип.

Околу 20:10 часот на истата улица, тој со патничко возио „ауди а4“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „ауди а6“, управувано од Е.Д.(37) од Штип.

При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.

Исто така, во врска со незгодата, А.К. пријавил дека бил физички нападнат од Е.Д..

Exit mobile version