Петти марш на трансродовите лица

 

50-тина трансродови лица, активисти и нивни поддржувачи денеска од Владата побараа да живеат отворено, безбедно и достоинствено. Со транспаренти и свирки по петтипат маршираа од Влада до Собрание. 
Меѓу другото, од пратениците побараа да се донесе предлог-законот за измени и дополнување на законот за матична евиденција.  

Под мотото „Не се мешај во туѓи штипки“, утрово се одржа и дебата, на која извршната директорка на коалицијата „Маргини“, се осврна на ланската реакцијата на верските заедници во однос на донесувањето на овие закони.

Екс минстерката за образование, Мила Царовска била изненадена од ставот на интелектуалците дека воведување на родова еднаквост во основното образование, ќе донесе штета. 

Евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека кога се говори за правата на трансродовите лица не смее да се заборави големиот број на самоубиства кои се случуваат како последица од нивното неприфаќање во општеството. 

Во Македонија има околу стотина трансродови лица. 

29.03.2024 - 21:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега