Close Menu
Press24
    Најново

    Петрушевски: Во СДС нема свежина од аспект на кадровските промени и политиките коишто ги нуди

    26.03.2026 во 19:16

    Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

    26.03.2026 во 18:41

    Василевска: Крај на чување предмети во фиока, со воведување на електронска архива и дигитализација ќе завршат ваквите практики

    26.03.2026 во 18:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петрушевски: Во СДС нема свежина од аспект на кадровските промени и политиките коишто ги нуди
    • Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите
    • Василевска: Крај на чување предмети во фиока, со воведување на електронска архива и дигитализација ќе завршат ваквите практики
    • Николоски: Блокираните ДУП-ови се причина за 2.500 евра квадрат во Скопје и 4.000 евра во Охрид
    • Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска плата вработените во култура според колективен договор?
    • Трамп предупредува: Иран лансираше моќна ракета за која „експертите немаа поим“
    • Економски скок кај соседите: Бугарија за девет години го дуплираше својот БДП
    • Хаос во сообраќајот: Невреме со грмежи и мраз ја парализираше Херцеговина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Во СДС нема свежина од аспект на кадровските промени и политиките коишто ги нуди

    Петрушевски: Во СДС нема свежина од аспект на кадровските промени и политиките коишто ги нуди

    26.03.2026 во 19:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Оние политики коишто ги спроведуваше СДС во изминатиот период резултираа до тоа СДС да падне на овој број на гласови којшто го има и да се случуваат овие процеси коишто се случуваат сега коишто иако се нивна внатрешна работа, за жал јас не препознавам дека во СДС има, не само некоја свежина од аспект на кадровските промени, нема некоја свежина и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Гледаме дека прават реминисценција на одредени политики од минатото, политики коишто докажано веќе на избори биле губитнички“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

    Пратеникот Петрушевски нагласи дека процесите коишто се случуваат во СДС, иако се нивна внатрешна работа, сепак не препознава дека има свежина од аспект на кадровските промени и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Тој нагласи дека во интерес на државата потребно е да имаме конзистентни ставови во делот на меѓународната политика, потенцирајќи дека од другата страна не само што нема поддршка во овој дел, туку напротив, постои одредена реторика од страна на актуелното раководство на СДС која штети на националните инетереси на државата и граѓаните.

    „Сметам дека е неопходно, особено што се наоѓаме во еден сериозен историски момент, во светски рамки гледано, сега имаме криза и на Блискиот Исток, меѓутоа и во историски момент за Македонија, сметам дека треба да заеднички, во интерес на државата, во интерес на граѓаните да имаме некои конзистентни ставови, да имаме и усогласени ставови, барем во делот на меѓународната политика и она коишто се наши стратешки интереси како држава. За жал, од другата страна не гледам соговорник на ваквите теми, не гледам поддршка во делот на ова, туку напротив, гледам дека одредена реторика од страна на актуелното раководство на СДС дури и штети на националните интереси на Република Македонија и на граѓаните“, дециден е пратеникот Петрушевски.

    Популарно

    Петрушевски: Во СДС нема свежина од аспект на кадровските промени и политиките коишто ги нуди

    26.03.2026 во 19:16

    Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

    26.03.2026 во 18:41

    Василевска: Крај на чување предмети во фиока, со воведување на електронска архива и дигитализација ќе завршат ваквите практики

    26.03.2026 во 18:20

    Николоски: Блокираните ДУП-ови се причина за 2.500 евра квадрат во Скопје и 4.000 евра во Охрид

    26.03.2026 во 18:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.