Петрушевски: СДС ја партизирала АНБ, Виктор Димовски бил нивен партиски кадар

 


„СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира. Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, кој на прес-конференцијата посочи извадок од интернет страница на СДС, на кој стои името на Виктор Димовски како член на ИО на СДС, веднаш зад тогашниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски.

„Виктор Димовски е исто толку СДС колку што се и Зоран Заев и Венко Филипче. Виктор Димовски е чист партиски кадар на СДС, и тој ја партизираше службата и стави под прогон голем број професионалци.

Со Виктор Димовски на чело на безбедносната служба ни се случуваа скандали како Онишченко, се издаваа пасоши на белосветски наркобосови и криминалци.

СДС нема кредибилитет да зборува за АНБ, затоа што тие ја партизираа и го кородираа системот на националната безбедност.

АНБ и АР работеа за СДС наместо за граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ воведува професионализациjа во службите за безбедност. АНБ и другите служби ќе работат за граѓаните“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

21.10.2024 - 11:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега