Close Menu
Press24
    Најново

    Засилени полициски контроли: Апсења за дрога во Скопје, Охрид и Радовиш

    14.03.2026 во 16:30

    Пензиониран полицаец со лажна легитимација приведен во Скопје

    14.03.2026 во 15:51

    Серија брутални тепачки меѓу врсници низ училиштата во државата

    14.03.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Засилени полициски контроли: Апсења за дрога во Скопје, Охрид и Радовиш
    • Пензиониран полицаец со лажна легитимација приведен во Скопје
    • Серија брутални тепачки меѓу врсници низ училиштата во државата
    • Работник загина при пад од зграда во изградба во Кисела Вода
    • Трагедија во Скопје: 18-годишен мотоциклист загина во верижен судир
    • Тошковски: Државата и институциите одговориле максимално на трагедијата во Кочани
    • Армијата го изгасна пожарот на Јабланица, локализиран и огнот над манастирот во Смилево
    • Црн викенд: Шест уапсени за семејно насилство во целата земја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Преку местење тендери кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за два милиона евра

    Петрушевски: Преку местење тендери кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за два милиона евра

    20.12.2025 во 13:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обелодени скандал од огромни размери, обвинувајќи го поранешниот директор на „ЕСМ Снабдување со топлина“, Бујар Дардишта, дека заедно со уште 32 лица е вмешан во перење пари во висина од 2 милиони евра. Според партијата, Дардишта, како кадар на ДУИ одобрен од СДСМ, бил дел од шема за местење на тендер вреден 8 милиони евра во 2023 година за потребите на државната енергетска компанија.

    Петрушевски на прес-конференцијата детално ја опиша постапката, посочувајќи дека раководството на ЕСМ наместило јавна набавка за „СКАД Ормари мониторинг ормар со ГСМ контролор“. За да се реализира планот,биле договорени две фирми – една од Куманово и една од Скопје. Кумановската фирма намерно настапила со непотполна документација и повисока цена, додека скопската фирма, која била предодредена да победи, понудила сума речиси идентична со проценетата вредност на набавката, иако таа информација не била јавно достапна.

    Со оваа манипулација, според ВМРО-ДПМНЕ, на скопската фирма ѝ било овозможено да се стекне со противправна имотна корист од речиси 8 милиони евра. За да се прикријат трагите, осомничените пуштиле во оптек и трансактирале 2 милиони евра, со што го извршиле кривичното дело перење пари. Петрушевски запраша зошто Обвинителството чекало толку долго за да реагира и дали со тоа се штителе политичките нарачатели од врвот на претходната власт.

    Популарно

    Дневен хороскоп: Пресврт кај Овенот, се отвораат нови врати за Шкорпијата

    12.03.2026 во 09:05

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Утре седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања кај голем број корисници

    13.03.2026 во 12:28

    Трагедија во Скопје: 18-годишен мотоциклист загина во верижен судир

    14.03.2026 во 15:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.